Влажните марамчиња фрлени во тоалетот ги затнуваат цевките

popara29 октомври, 20161min00
3

Во Британија, милиони фунти се трошат на одблокирање на цевки затоа што се фрлаат влажни марамчиња во тоалетот.

Компаниите за вода во Британија повикуваат компаниите за влажни марамчиња да престанат да ги рекламираат како безбедни за фрлање во тоалет – иако трговските асоцијации кои ги претставуваат производителите велат дека марамчињата не се причинител за затнувањата.