Заспала оставајќи го мобилниот телефон на нога, наредното утро следел вистински шок!

popara18 јануари, 20161min00
6

Оливија Ретер од Англија, за жал, добила лузна која ќе ја носи до крајот нa животот.

.

 

Изгореницата е последица на топењето на маската на нејзиниот мобилен телефон. Девојчето го оставило телефонот на ногата и заспало. Набрзо откако заспало, маската за телефон почнала да пушта киселина, пренесе Б92.

Кога девојчето се разбудило наредното утро, кожата на нејзината нога била сува и многу црвена. Сфатила дека изгореницата ја добила од телефонот.

Како што се испоставило на крајот, маската за мобилниот телефон е главниот виновник. Лекарот потврдил дека во прашање е хемиска реакција што ја предизвикала маската.

Успеал да го смири црвенилото од изгореницата, но, за жал, девојчето до крајот на животот ќе има лузна во облик на маска за мобилен телефон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag