Турски рибари уловиле две ајкули од кои едната е најголемата уловена оваа сезона во Ајваџик на брегот на Егесјкото море во близина на грчкиот остров Тасос, јави турската егенција Џихан.
Ајкулите се тешки 700 и 400 килограми и биле фатени во мрежа на длабочина помала од 350 метри, неведе агенцијата.
Рибарот Мустафа Картал рекол дека никогаш во животот не видел „толку големи ајкули“.
– Вакви ајкули не се видени во оваа област никогаш. Моравме да користиме дигалка за да ги извлечеме на бродот, изјавил рибарот Мустафа.
Според него, големите риби ќе бидат продадени во Грција каде за килограм месо од ајкула се плаќа од 3 до 6 евра.