На прв поглед ќе ви делува малку неверојатно, но ако подобро размислите навистина е така.
Девојките со голема самодоверба кои знаат што бараат би си го допуштиле овој луксуз.
Најновото истажување покажа дека жените со високо образование и поголем коефициент на интелигенција потешко се впуштаат во врска, но затоа лесно се согласуваат на секс за една ноќ.
Се смета дека ова е така затоа што жените имаат широки видици на животот и не се во затворено друштво со патријахални размислувања. Кога станува збор за запознавање партнери нивните критериуми исклучиво се високи и тие тешко се согласуваат на компромис.
Затоа тие се склони својата потреба за блискост и страст да ја исполнат со кратки сексуални средби, кои најчесто траат само една вечер.
Резултатите се добиени врз основа на истражување кое е направено на 1.000 жени. Тие анонимно решавале тест за интелигенција и општа култура, а потоа пополниле анкета за нивните сексуални навики.
– Не сакам своето драгоцено време да го трошам со некој кој не ми одговара. Сексот е забавен и ме опушта. Не сум со тоа оптеретена. Кога коцките ќе се наместат тогаш ќе се препуштам. Кој кажува дека поради задоволство морам да трпам нечии хирови или да го чекам принцот на бел коњ – вели една девојка која учествувала во истражувањето.