Почеток на ерата без гориво се врзува за 1903 година кога Никола Тесла го пронајде резонантниот трансформатор и на излезот доби многу пати поголема енергија, отколку влезната. Со помош само на една турбина од електраната на Нијагара и од системот за пренос на енергија без проводник, Тесла можеше да ја снабди со електрична енергија целата држава.
Еден новинар го запраша Тесла: „Од каде се зема енергијата?“
Тесла едноставно одговори: „Енергијата се зема од етерот, јас го разладувам етерот и го претворам во електрична енергија.“
Откако новинарите ја проширија веста дека од просторот може да се земе било кое количество на енергија и дека енергијата може да се пренесува на било кое растојание без проводник, а при тоа да не се користи ќумур, ниту нафта, ниту гас, владата на САД одржа итен состанок.
Состанокот на владата на САД беше заедно со банкарите. Разговорот што таму се одвиваше е забележан во книгите. Таму се наведува фактот дека кога младиот банкар Бернард Барух му се обрати на Морган, го рекол следново: „Весниците пишуваат за некој Тесла кој практично сака да продава бесплатна енергија. Ако работите се одвиваат на тој начин, ние ќе го изгубиме монополот.“
После тоа е донесена одлука за забрана на технологијата на Тесла. Теслините патенти започнале да ги повлекуваат од библиотеките, а неговото име исчезна од весниците. Банкарите наредиле без одлагање: Не прифаќајте, ниту разгледувајте никакви пронајдоци на Perpetuummobilе.