Додека модниот свет посветено зјапа на пистите во Париз, каде се презентираат колекциите висока мода пролет/лето 2016, Зухаир Мурад ја претстави својата колекција pre-fall 2016.
Младешките креации на либанскиот дизајнер танцуваат помеѓу романтична тантела и карнери, бунтовничка кожа, женствени цветни апликации и провокативна транспарентност.