Покрај „освежената“ BMW 1 Series, сега и купе и кабриолет варијантите од 2 Series добија фејслифт за 2017-та, со мали измени во дизајнот, кабината и infotainment системот.
Во поглед на дизајнот, предницата се одликува со нови bi-LED фарови кои ја имаат новата за BMW стандардна шестоаголна форма, а како дополнителна опција се понудени адаптивни full-LED фарови. Предната решетка е поширока, а предницата кај одредени модели е модифицирана со нови отвори за водух.
Нови се и задните LED фарови, а 2 Series моделите ќе добијат три нови опции за боја – Seaside Blue, Mediterranean Blue и Sunset Orange. Ќе биде понуден избор и од 4 нови типа на алуминиумски бандажи, така што купувачите ќе можат да бираат меѓу вкупно 17 дизајни и комбинации на бои.
Подобрувањата во кабината се истите како и оние од 1 Series – нов црн инструмент панел, црн сјаен финиш на централната конзола и отворите за вентилација, подобрен 8.8 инчен iDrive, сервиси кои нудат улични паркинг информации и податоци за сообраќајот во реално време и сл.
Понудата на мотори останува иста како и кај досегашните модели, со мешавина од 3,4 и 6-цилиндрични бензински и дизел мотори, со M2 варијацијата како најмоќен модел. Кај одредени модели на располагање е и xDrive погонот на сите тркала.