Како да престанете да се деконцетрирате за време на секс

popara7 февруари, 20171min00
10

За време на секс, дали често размислувате за што треба да купите од супермаркет, или вниманието ви го одвлекува пајажината на таванот? Понекогаш е навистина тешко да го исклучиме нашиот мозок додека сме интимни, иако сексот може да биде уште подобар доколку сме ментално присутни. Овие трикови можат да ви помогнат.

Вежбајте надвор од спалната

Клучот на сето ова е да научите како да бидете повеќе присутни во моментот. Ако го потрошите целиот ден под стрест, работејќи повеќе задачи одеднаш, или грижејќи се, не можете да очекувате да бидете потполно смирени и сконцентрирани во секундата кога вашиот партнер ќе се соблече. Најдобриот начин за да научите како да бидете поприсутни во моментот е да вежбате како да си го забавите умот надвор од спалната. Да се биде присутен постојано е вештина која бара пракса, и обично е полесно кога не си гол со друга личност.

Медитацијата исто така може да биде од голема помош. Дури и 10 минути медитација дневно природно ќе ве разбудат и освестат. Ако досега немавте доволно добра причина да почнете со медитација, ова е тоа.

Подгответе се за успех

Најчестите одвлекувачи на внимание се несредена спална соба, електроника, и to-do листи. Можете да ја претворите вашата соба во мало парче рај ако ја расчистите и се ослободите од електронските уреди. Ако често правите to-do листи во главата, брзо запишете ги на лист пред да му се „фрлите“ на партнерот.

Седнете и размислете кои други работи ви го одвлекуваат вниманието. Дали се нервирате кога има валкани садови во мијалникот? Или можеби внимание ви одвлекува излупената боја на ѕидот? Преземете ги потребните мерки за да ги отстраните овие пречки. Некои пречки можат да се отстранат трајно, други постепено, но генералната идеја е да создадете свое сопствено ментално катче. Не можете да креирате ситуација каде нештата се перфектни пред да станете интимни со вашиот партнер, но можете да ги сведете вашите вообичаени проблеми на мимимум.

Не се борете со мислите

Обидот да ги спречите мислите ретко функционира, и вообичаено дополнително ве фрустрира. Мора да ги оставите своите мисли на мир, без да ви заземат уште повеќе простор.

Можете да го замислите ова како гужва на раскрсница. Замислете ги вашите мисли како автомобили кои возат по патот. Не можете да ги запрете, но можете да се качите во еден и да заминете. Дозволете им на нештата да ви паднат на ум, но не размислувајте на нив активно. Корисно е и да ја визуелизирате целата оваа ситуација.

Дишете правилно

Фокусирањето на дишењето е едно од основните принципи на присутноста. Ова е одличен начин да се ослободите од вашите мисли и да се вратите во сегашниот момент. Кога чувствувате дека се занесувате во некоја од вашите мисли, земете длабок здив и замислете како го отпуштате мозокот некаде во далечината. Уште една ефективна техника на дишење е да замислите како го праќате воздухот до најмалите капилари кога издишувате, и го враќате во вашиот нос кога вдишувате. Ова бара малку поголемо внимание, но успешно го враќа фокусот назад кон вашето тело.

Прераскажувајте што ви се случува

Уште една едноставна техника за да бидете повеќе присутни во моментот е да си прераскажувате (во памет) што ви се случува во секој даден момент. Би звучело како „сега ја движи раката кон моите бутови, сега ми ги шири нозете“. Овој трик му кажува на вашиот мозок што да прави, но истовремено и ви го насочува вниманието кон сексот. Можете да ги раскажувате и реакциите на вашето тело, како „сега ми се забрзува здивот, сега нешто ми трепери во стомакот, сега ме полазија морници“. Како да си пишувате сопствен еротски роман.

Да останете во сегашниот момент за време на сексот звучи како предизвик ако сте навикнати на одвлекување на вниманието, но е многу повеќе остварливо од што мислите. Плус, дали има поголема мотивација за да научите да бидете поприсутни од жежок секс?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag