Бракот на Ноле и Јелена на стаклени нозе?!

popara12 јули, 20171min00
6

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена отсекогаш изгледале како совршен пар, но во последно време медиумите постојано шпекулираат околу нивниот брак.

Додека наоколу се шират гласини дека нешто не е во ред во идеалната љубовна бајка на Ноле, Daily Mail објави неколку фотографии на тенисерот со Лаурен Вон Дер Пул, инаку професионален готвач на тенисерките Селена и Венус Вилијамс.

Иако фотките се со постар датум, на нив се гледа дека Дер Пул буквално му се залепила на Ноле. Таа му даваше совети за исхрана на Ѓоковиќ во 2012-та, а во меѓувреме не пропушти да потенцира колку е среќна поради тоа што тој го цени нејзиното мислење и се придржува до диетата.

Неделава Вимблдон легендата, Џо Макенро, го пецна српскиот тенисер со коментар дека неговиот лош перформанс на теренот се должи на проблем во приватниот живот.

Запрашан за тоа што мисли околу коментарот, Ноле накратко изјави дека секој има право да каже што сака. Ноле и Јелена стапија во брак во 2014-та и во моментот го очекуваат своето второ дете.