Вилијам и Хари искрено за моментот кога нивната мајка почина

popara29 август, 20171min00
1

Принцот Вилијам и принцот Хари искрено проговорија за денот кога нивниот татко им соопшти дека принцезата Дијана загинала во сообраќајна несреќа. Синовите на принцезата се отвори по повод документарецот на BBC, „Diana, 7 Days“, кој исто така го прикажува целиот нејзин живот.

Ужасната вест им ја соопштил нивниот татко, принцот Чарлс.

– Една од најтешките работи за еден родител е да им каже на своите деца дека другиот нивен родител починал. А како се соочуваше со тоа, навистина не знам. Тој беше тука за нас. Се трудеше да се однесува најдобро што знае, беше заштитнички настроен и секогаш нè гледаше, иако и тој поминуваше низ тежок период, изјави принцот Вилијам.

Во моментот кога ги слушнал тие зборови, Вилијам се почувствувал дезориентирано, вкочането и збунето.

– Постојано се прашував „Зошто мене ми се случува ова? Што лошо направив за ова да ни се случува?“. Не сакав да сум таму каде што сум. Моравме да се соочиме со светот, да глумиме, да не покажуваме чувства пред јавноста и да изгледаме како да сме силни.

Вилијам во тој момент имаше 15, додека Хари само 12 години. Кога се сеќава на денот на погребот, вели дека последно нешто што сакал да го прави е да ги чита сите сочувства од јавноста. И за двајцата, најтешко било што чекорат зад мртвото тело на нивната мајка.

– Тоа беше вчудовидувачки колку ја сакаа, но јас се уште бев во шок. Тогаш не можев да плачам во јавност и мислам дека од тој момент јас се сменив, изјави принцот Хари.

– Сакав да се затворам во соба и да плачам постојано. Не знам како одржав рамнотежа помеѓу принцот Вилијам и јас, како нејзин син, додаде Вилијам.

Кога тие се вратиле во Бакингемската палата, многу луѓе чекале да се поздрават со нив. Викале по нив, им изразувале сочувство, им давале цвеќиња, плачеле и онесвестувале, а тие двајца едвај чекале да влезат дома и да завршат сите церемонии.

– Не разбирав зошто сите плачеа и покажуваа такви емоции, кога не ја ни познаваа каква беше како наша мајка. Една од најтешките работи кои не можев да ги сфатам е дека токму тие се луѓето кои ја бркаа во тунелот за да ја фотографираат додека таа умираше на задното седиште од автомобилот, се потсетува Вилијам.

Сепак и двајцата се сигурни дека мајка им навистина е горда што нејзините синови си ја исполниле должноста на денот на погребот и што не изгледале скршено пред целиот свет.

– Поминав многу години размислувајќи како не сакам да сум принц, не ги сакам овие обврски, не ја сакам оваа улога. Види што се случи на мајка ми, зошто истото мора и мене да ми се случува. Но сега, сакам да се обидам и да ги пополнам сите дупки кои мајка ми ги остави. Сакам неа да ја направам горда. Ми недостига секојдневно и секој ден се прашувам каков би ми бил животот кога таа би била жива, изјави Хари.

– Се уште ја чувствувам нејзината љубов и нејзината топлина. Сакам да е горда на мене и на Хари. Ако успеам да бидам барем малку како неа, јас ќе бидам навистина многу горд и знам дека ќе ја направам и неа горда, додаде Вилијам.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag