Стабс, почесниот градоначалник на градот Талкетна на Алјаска, умре на 21 година.
Семејството од лидерот се збогуваше во официјално соопштение.
“Беше храбар се до последниот ден од животот. Мјаукаше кога сакаше да се гали или доаѓаше во кревет и предеше со часови“, стои во соопштението.
Градоначалниот Стабс заспа во четвртокот и не се разбуди повеќе.
Талкетна, град со 900 жители, го одбра жолтиот мачор за свој лидер во 1998 година и тој многу брзо стана туристичка атракција во местото во кое нема друг градоначалник.
Преживеа напад од куче во 2013 година и лажно соопштение за неговата смрт минатата година.
Меѓутоа, кон крајот на 2016 година повеќе немаше сила да го поминува своето време во продавница, како и вообичаено туку мораше да останува подолго дома.
Иако Стабс повеќе не е помеѓу нас, еден од неговите потомци сигурно ќе го наследи.