Американец на фејсбук пренесувал убиство во живо

popara18 април, 20171min00
9

Американската полиција во Кливленд е во потрага по маж осомничен за убиство кое го емитувал преку фејсбук. Тој на видео снимката кажува и дека убил уште десетина луѓе во текот на велигденскиот викенд, но полицијата не потврдува други убиства, освен тоа што се случило вчера попладне во населбата Гленвил. Видето од убиството било на фејсбук три часа пред да биде отстрането.

Полицијата трага по Стивен Стивенсон и смета дека е вооружен и опасен. Детали за жртвата не се објавени од страна на полицијата.