Ана Николиќ не сакајќи откри дека носи близнаци?!

7 февруари, 20170
8

Поп-пејачката Ана Николиќ, од неодамна Ѓуриќ, откако се омажи со раперот Стефан Ѓуриќ Раста, наговести дека носи близнаци. Таа за време на емисијата „Јас имам талент“, во која е член на жирито, зборуваше за својата бременост. Бидејќи нејзините обожаватели и медиумите веќе некое време се обидуваат да дознаат дали Ана чека син или ќерка, изгледа дека Ана ќе стане мама на две деца. Имено, Ана на снимањето на споменатата емисија непланирано им откри на гледачите дека носи близнаци. По настапот на еден натпреварувач, дојде ред да гласа токму таа, а Ана, воодушевена од настапот, изговори:

„Од мене имаш три ДА“, додавајќи дека од неодамна нејзиниот глас вреди толку. Публиката во тој миг почна да и’ ракоплеска, додека преостанатите членови на жирито, вклучувајќи го и сопругот Раста, останаа во чудо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi