Анџелина Џоли е новото лице на Guerlain парфеми

2 февруари, 20170
2

И таа ќе ја донира целата плата од оваа кампања за добротворни цели.

Иако повеќето познати личности често склучуваат договори за преставување на модни и брендови за убавина, Анџелина Џоли до сега немаше желба да застапува одреден бренд. Пред сé, таа во голема мера се држеше вон очите на јавноста откако излегоа вестите за нејзиниот развод со Бред Пит. Второ, нејзините појавувања во јавноста главно беа фокусирани на нејзината хуманитарна работа. Ова ги прави уште поголеми овие вести: Парфимерот Guerlain изјави дека Џоли ќе биде лицето на нивниот нов мирис за жени, Mon Guerlain.

„Ние правме парфеми за жените на кои им се восхитуваме,“ изјави Жак Герлен. Главниот парфимер, Тјери Васер, добил инспирација од Џоли да го создаде мирисот што ги пробудува „изборите, емоциите и соништата што ја отелотворуваат модерната женственост“. Според Guerlain, Џоли ја донирала целата нејзина плата од кампањата на добротворни цели. Не било откриено на која организација, но таа е Специјален Пратеник на Агенцијата за бегалци на ОН и еден од основоположниците на Иницијативата за превенција на сексуално насилство.

Џоли не работела на поголема кампања за убавина откако беше лицето на Shiseido во 2007 – и тоа беше ексклузивно само за Азија. Овој пат, партнерството било договорено додека Џоли беше во Камбоџа во декември 2015, режирајќи го филмот „Прво го убија мојот татко“. Наводно, таа имала посебен интерес за Guerlain затоа што се сеќавала дека мајка и користела пудра од тој бренд.

Нема понатамошни детали за Mon Guerlain, но мирисот ќе дебитира овој март.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi