Apple ги чува сите детали околу новиот iPhone во длабока тајност. Сепак еден од нејзините партнери не смета дека тоа е потребно и потврди дека iPhone 8 ќе биде водоотпорен.
Информациите доаѓаат од извршниот директор на Wistron, Роберт Хванг. Wistron е една од компаниите кои испорачува компоненти за Apple. Во интервју за Nikkei Asian Review, Хванг објави дека новите модели на iPhone ќе имаат водоотпорно куќиште и ќе поддржуваат безжично полнење на батеријата.
Wistron ќе го произведува iPhone 7s, но аналитичарите се уверени дека и iPhone 8 ќе е водоотпорен. Apple, се разбира, не коментира. Останува нејасно и кој стандард за безжично полнење ќе го избере компанијата. Очекувањата на Wistron се дека интересот за новите модели на iPhone ќе биде многу голем и ќе натера многу од сегашните сопственици на постари модели да ги сменат со најновиот.