По сите критериуми знаеме дека iPad на Apple е одличен таблет, но едноставно граѓаните не се подготвени да платат толку многу.
Поради тоа, од Apple наводно планираат идната година да претстават iPad со дијагонала на екран од 9,7 инчи и да го продаваат по цена од 259 долари. Тоа значи дека новиот iPad ќе пристигне со цена пониска за 70 долари и очигледно од Apple сметаат дека тоа ќе биде доволно за да привлече поголем број на купувачи.
Извори блиски до Apple проценуваат новиот поевтин iPad да биде претставен во вториот квартал од 2018-та година.
Засега не е познато дали Apple ќе го промени хардверот или дизајнот на новиот iPad со цел да се намалат трошоците за производство, кога веќе е одлучено таблетот да се продава по пониска цена. Наводно за производството ќе биде задолжена тајванската компанија Compal Electronics која што меѓу клиентите има компании како Acer, Lenovo, Dell, Toshibа и Hewlett-Packard.
Намалувањето на цената не би било големо изненадување со оглед на фактот што продажбата на таблети е намалена во изминатите неколку години, а iPad губи дел од своите корисници на сметка на Surface таблетот на Мајкрософт.
Ниската цена би можела да му помогне на iPad да привлече купувачи кои што најмногу обрнуваат внимание на буџетот, а на кои веќе компании како Amazon, Asus и Huawei веќе им нудат поевтини таблети.