Аријана Гранде: Ќе се вратам во Манчестер за да помогнам

29 мај, 20170
2

По повод трагичниот крај на концертот во Манчестер при што во терористички напад загинаа 22 лица, а 59 беа повредени, познатата пејачка Аријана Гранде соопшти дека ќе се врати во Манчестер за да одржи хуманитарен концерт.

„Жртвите ќе бидат во моите мисли и срце секој ден и ќе мислам на нив без разлика што и да првам до крајот на животот“, вели Аријана.

Иако не појасни кога ќе се одржи концертот, таа најави дека наскоро ќе бидат познати точните детали.

„Кога ќе погледнете во публиката присутна на моите концерти ќе видите убава, различна и среќна толпа на луѓе. Илјадници луѓе, сите различни, се таму од иста причина, музиката. Музиката е нешто што сите го делиме на Земјата. Музиката лекува, нè вплотува, нè прави среќни“, додава Аријана.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi