Астрологија и шминка: Која боја му одговара на вашиот знак?

29 ноември, 20170
3

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои бои при шминкањето подобро ви стојат од другите? Дали сте помислиле дека астрологијата тука има влијание? Ви ги откриваме тајните на хороскопот што ќе укажат на тоа каква шминка и кои бои треба да ги користите според хороскопскиот знак. 

  • Овен

На Овните најмногу им одговара црвената боја, која означува страст, сила и храброст. А ќе се согласите дека тоа се особини што го красат Овенот. Носете ја оваа боја за да ја зголемите силата, енергијата и виталноста кога и да влегувате во нешто ново.

Бои: Темноцрвена, бела, златна, портокалова

Како да се нашминкате: Интензивно црвената сенка нанесете ја врз некоја неутрална боја за да го ублажите ефектот. Задолжително пред нанесувањето на сенката, ставете капки за очи за да го избегнете изгледот на вампир.

Избегнувајте: Светлорозови нијанси

  • Бик

На Биковите им одговара зелената боја, бидејќи таа им го подмладува духот. Таа носи стабилност и воспоставува рамнотежа меѓу телото и умот. Со самото тоа, ако Бикот се одлучи да ја стави на своето лице, ќе привлече благосостојба и просперитет.

Бои: Зелена, сина, виолетова, жолта, кафена

Како да се нашминкате: Маслинестата сенка нанесете ја на капаците, но и на долните рабови на очите, а потоа размачкајте ја за да постигнете “smoky look”.

Избегнувајте:Црвена боја

  • Близнаци

За живите Близнаци вистинската боја е жолтата бидејќи таа е полна со сјај и со светлина, а при тоа изгледа стимулативно. Исто така, има способност да го подигне расположението, а на зборлестите Близнаци им ги зголемува меморијата и комуникациските вештини.

Бои: Светложолта, светлосина, зелена, бела

Како да се нашминкате: Светложолтата сенка може да биде одличен погодок ако ја нанесете на капаците и на аглите на очите, а краевите да ги истакнете со црно моливче.

Избегнувајте: Сите нијанси на црвена

  • Рак

На романтичните Ракови најубаво им стои пинк-боја. Оваа боја укажува на љубов, а најдобро е да се носи во периодите кога ви престојат промени или ако ви е потребна утеха поради љубовта. Ако ја носите оваа боја на своето лице, ќе бидете поотворени и попристапни за соработка.

Бои: Пинк, тиркиз, бела, сина, сива, сребрена, металик

Како да се нашминкате: Комбинирајте пинк и бела сенка така што ќе изгледате што поприродно. Со малку маскара подготвени сте за излегување.

Избегнувајте: Црвена боја

  • Лав

Портокаловата боја ги зголемува силата и влијанието на Лавот. Ако се одлучите за оваа боја, ќе ве преплават чувства на среќа и оптимизам, но и ќе ви се засили волјата да ја постигнете посакуваната цел.

Бои: Портокалова, златна, црвена, бакарна, кралскосина, бела

Како да се нашминкате: Пробајте да нанесете портокаловата сенка како ајлајнер. Тоа ќе со постигнете со рамна четкичка, која ќе ја натопите во малку вода, а потоа со сенката ќе извлечете линија над горниот капак, токму како со ајлајнер.

Избегнувајте: Пастелни нијанси

  • Девица

Кралскосината е идеална боја за сите припадници на овој знак. Оваа боја е олицетворение на убавината, чистотата и мудроста, ја намалува тензијата и шири смиреност, што се особините на една Девица. Ако се одлучите за оваа боја, ќе поттикнете смиреност и ќе го отворите умот.

Боја: Кралскосина, зелена, лаванда, сива, кафена, жолта

Како да се нашминкате: Кралскосината или тегет ставете ја како подлога на некоја посветла нијанса за очите да ви дојдат до израз. Можете да пробате и сина маскара или на направите ефект на “smoky eyes” со тегет-сенка.

Избегнувајте: Се од нијансите на црвена

  • Терезија

За терезиите идеална е светлосината бидејќи означува љубов, убавина и рамнотежа. Таа е олицетворение на мир и спокој, и ве инспирира да бидете силни и да тргнете во акција. Носете ја за да постигнете рамнотежа и чувство на благосостојба.

Бои: Светлосина, розова, виолетова, зелена, боја на шампањ

Како да се нашминкате: Искомбинирајте светлосина сенка со бела или со сребрена и не заборавајте да ја нанесете на делот под веѓите. Овој изглед на ледена кралица е идеален за забави.

Избегнувајте: Премногу светли бои на лицето

  • Скорпија

Бургунди или боја на вишна совршено им стои на Скорпиите. И се припишуваат длабочина, сила и љубов, а помага полесно да се движите низ преодните периоди во животот. Со носењето на оваа боја ќе ги зголемите перцепцијата и упорноста.

Бои: Бургунди, црна, темноцрвена, виолетова, костенлива

Како да се нашминкате: Користете мат-сенки бургунди за основата и за дефинирање на очите или седефаста за ефект на зачадени очи. И не го заборавајте црното моливче.

Избегнувајте: Интензивни бои

  • Стрелец

Бојата на Стрелците е сино-зелена бидејќи ги зголемува мудроста и организмот. Носете ја додека патувате или истражувате нови места бидејќи таа е симбол на толеранција и на разбирање и корисна е во однос на другите, кои имаат поинакво гледиште од вас.

Бои: Сина, зелена, виолетова, бела, црвена

Како да се нашминкате: Потемна нијанса на сино-зелена за “smoky eyes” ефект ќе ублажи некои кафени нијанси на рабовите, за да избегнете премногу драматичен изглед.

Избегнувајте: Светлосина, темносина и темноцрвена

  • Јарец

Кафената е боја на овој хороскопски знак. Ова е боја на одлучноста, симбол на логиката и на разумот. Ќе ви помогне да се чувствувате стабилно и одговорно, ќе бидете попрактични и ќе можете да ги исполните сите свои сонови.

Бои: Кафена, темнозелена, беж, маслинеста, црна

Како да се нашминкате: Со оглед на тоа што кафената е неутрална, можете да ја носите и дење и ноќе, со тоа што би било подобро навечер да ја зачините со металик-зелена нијанса.

Избегнувајте: Жолти нијанси

  • Водолија

Со Водолиите владее виолетовата бидејќи тоа е бојата што ги истакнува хуманоста и љубезноста. Ако ја носите оваа боја, ќе поттикнете чувство на заедништво и ќе ги подобрите вашите врски со пријателите.

Бои: Виолетова, тиркиз, интензивно сина

Како да се нашминкате: Испробајте поинаков “smoky eyes”, овојпат со виолетова боја. Ќе изгледате посебно и секси.

Избегнувајте: Основни бои

  • Риби

Бојата на морето е најдобриот избор што може да го направат Рибите. Оваа боја на затворените Риби им помага да воспостават рамнотежа меѓу внатрешниот и надворешниот свет, но и да ги согледаат сите квалитети на некоја личност.

Бои: Боја на морето, аквамарин, зелена, виолетова, црна

Како да се нашминкате: Комбинирајте ја оваа прекрасна зелена боја со црн ајлајнер на своите капаци.

Избегнувајте: Интензивни нијанси

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi