Батериите на иднината ќе бидат базирани на вода

popara23 февруари, 20171min00
14

Во денешно време постојат бројни научни проекти кои што се обидуваат да пронајдат замена за литиум-јонските батерии сепак, ниту еден од нив не е така блиску до тоа да стане реалност, а најголемата причина за тоа се прилично долгите и скапи истражувања.

Научниците од Универзитетот Харвард во САД, направиле прототип на батерија која што воопшто не е токсична, а покрај тоа, е далеку подолготрајна од било кое литиум-јонско решение. Таканаречената „проточна батерија“ е базирана на органски молекули во неутрален pH воден раствор. Се очекува да трае десетина години, а тоа е неверојатен напредок во однос на сегашната технологија за батериите.

Сепак, ова не е првиот таков дизајн на батерија, но научниците веруваат дека би можел да биде првиот кој ќе поправи многу проблеми кои што се појавија во минатото.

Како резултат на истражувањето, батериите сега се некорозивни и поевтини за производство, а тоа ги прави идеален кандидат за индустриска употреба.

Иако овој прототип во најголема мера има цел да го реши проблемот со литиум-јонските батерии, и натаму е прашање што не очекува во блиска иднина.

Сепак, со оглед на тоа што денешните уреди имаат потреба од поголема моќ и повеќе работни часови, крајно време е развојот на тој план да стане побрз и поефикасен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag