
Минатогодишниот добитник на престижната Нобелова награда за книжевност, Боб Дилан ќе го загуби паричниот износ во висина од 900.000 долари доколку не го испочитува правилото, да достави свое предавање во Стокхолм. Иако ја игнорираше церемонијата на соопштување на наградата, тој сепак мора да приложи свое излагање,како што наложуваат правилата за сите лауреати.
Дилан, не се појави на церамонијата на соопштување на наградата, што се одржа лани на 10 декември во Стокхолм.
Американскиот музичар, ја доби Нобеловата награда за литература за 2016 година на 75 годишна возраст. Тој е награден за „создавање на нови поетски изрази во големата традиција на американската поезија“.
Инаку, Дилан е првиот Американец кој освоил награда за книжевност од 1993 година кога лауреат беше Тони Морисон.
Роден како Роберт Ален Кимерман на 24 мај 1941 година, Дилан стана еден од најголемите кантавтори на денешнината и најсилниот глас на 60-тите.