Британските истражувачи откриле дека животниот век на луѓето од високите социо-економски слоеви, кои живеат во уредените подрачја, е подолг во просек девет години во однос на оние од сиромашните предградија.
До слично сознание дошле и истражувачи од САД кои потврдиле дека животниот век на оние со факултетска диплома исто така живеат девет години подолго во однос на оние кои немаат ниту средно школо, пишува австралиски „Њуз“.