Човекот кој живеел 256 години излегол во јавност и ја открил неговата тајна пред светот!

popara7 август, 20171min00
6

Запознајте го Ли Чинг Јуен, човекот кој живеел неверојатни 256 години, што потврдуваат и New York Times.

Доказите за долговечноста на овој човек се наоѓаат токму на страницата на New York Times, според чие пишување, професор од Универзитетот Ченгду, пронашол докази дека Кинеската царска власт во 1827-ма година му го честитала 150-тиот роденден на Ли Чинг Јуен, по што ист документ од 1877-ма година се открива во кој му го честитаат 200-тиот роденден и каде многу негови сограѓани сведочат за неговата долговечност.

Цели 40 години тој преживувал на растенија како лингзи, гоџи бобинки, див џинсенг, готу кола и многу други додека редовно пиел и вино од ориз. На својот 71 роденден, точно во 1749-та година ѝ се приклучил на кинеската војска каде подучувал боречки вештини. Се женел дури 23 пати и имал повеќе од 200 деца.

Според еден од потомците на Ли, постоел дури и уште еден уште постар човек, кој живеел 500 години и кој го научил Ли на техниките на Чи Кунг, што се користи во кинеската медицина и претставува координација на различни шеми за дишење при различни физички позиции и движења на телото.

juen04

Кога го прашале кој е неговиот рецепт за долговечност, тој рекол: “Нека ви биде мирно срцето, седите како желка, одете исправено како пингвин и спијте како куче.”

Ли со ова всушност мисли на одржување на мирот и рамнотежата во умот, на редовното вежбање на техники за дишење и употребата на билките кои нашиот организам го прават здрав и издржлив. Значи внатрешниот мир на умот и срцето е тајната на долговечноста, поткрепена со одржување на телото.