Борис Кипријанович, 20 годишно момче од рускиот град Волгоград, тврди дека доаѓа од Марс, а во прилог на тоа следуваат и неговите натчовечки способности.
Наводно уште 15 дена по неговото раѓање тој можел сам да ја држи главата, на четири месеци проговорил, а пред втората година ги наполнил насловните страници на весниците, тврди неговата мајка Надежда.
– Својот прв збор го изговори на четири месеци и од тогаш продолжи да зборува.
Штом го одвеле во детската градинка, воспитувачките забележале дека малиот Борис е изразито напреден. Родителите се убедени дека информациите ги добива преку “мистериозни канали”, бидејќи неколку пати го уловиле како комуницира со некој.
– Она што го знае никогаш претходно не го учел. Понекогаш се случува да седне и да зборува за вселената и планетите, особено за Марс и цивилизациите кои некогаш постоеле- тврдат родителите.