Чудо од автомобил на струја за само 4.500 евра!

popara7 септември, 20171min00
11

Покрај релативно малата автономија на возење, моментално најголема мана на електричните автомобили е нивната висока цена. Меѓутоа, еден кинески произведувач, во соработка со „General Motors“, на пазарот понуди мал градски автомобил на струја кој чини само 4.500 евра.

За разлика од луксузните електрични модели на компанијата „Tesla“, чија цена се движи од 35.000, па до преку 100.000 долари, Baojun E100 е значително поскромно возило.

Овој автомобил е произведен во американско-кинеската компанија „SAIC-GM-Wuling“, а концепцијата е инспирирана од „Smart ForTwo“.

Автомобилот може да превезе двајца патници, а за погон користи електромотор од 40 кс и 110 Нм.

Со помош на овој агрегат, Baojun E110 развива максимални 100 км/ч, а електричната енергија се складира во литиум-јонски батерии чиј капацитет засега е непознат.

Сепак, се знае дека со полна батерија ова возило може да помине до 155 км. Кога целосно ќе се испразни, потребни се 7,5 часа за дополнување.

Иако со скромни карактеристики и димензии, Baojun E110 е опремен со EBD, ABS, електричен серво волан, систем за предупредување за појава на пешак на пат, електронска паркинг (рачна) кочница, паркинг сензори и ISOFIX систем за прицврстување детско седиште.

Автомобилот во стандардна верзија се испорачува со мултимедијален систем опремен со седуминчен екран и Wi-Fi конекција.

Baojun E110 во Кина се продава по цена од 35.800 јуани, што е приближно околу 4.500 евра.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag