Основачите на сајтот Знаци за Крај тајмс, односно христијанските фундаменталисти тврдат дека Бог предупредува на апокалипсата и дека има и докази во Библијата.
Имено, како знаци ги посочуваат големиот број на природни катастрофи, како и изумирањето на многу видови суштества. Уште велат дека никогаш немало толку многу докази на толку многу различни места со таква фреквенција и интензитет.
Но сепак, Карл Орлсон кој е уредник на Католичкиот портал “Католички извештај”, ги побива овие информации и тврди дека поставување на датумот не е опција и дека тоа може да трае со векови и милениуми додека Исус Христос се појави повторно.