Дали постои живот по смртта? Прашање кое постои уште од формирањето на самото човештво, нели? Но, одговорот не е конечен, постојано се менува, а еден научник од Северна Каролина тврди дека постои.
Според теоријата на Др. Роберт Ланза смртта е само илузија која ја создава нашата свест.
„Ние мислиме дека живееме еден живот, еден голем биохемиски процес и дека откако ќе умреме нашето постоење прекинува“ – објаснува, Др. Роберт.
Според неговата биоцентрична теорија, луѓето веруваат во смртта, бидејќи така се научени. Ова учење произлегува од фактот што ние животот го врзуваме за нашето физичко тело, а докажано е дека ова тело умира.
„Нашата свест ја создава вселената, а не обратно. Работата е во тоа како го перцепираме светот околу нас. Ако небото го гледаме како сино, тоа е така затоа што некој не научил дека бојата на небото е сина, но врските во мозокот може да бидат изменети, па може небото да го доживееме како црвено или зелено“ – додава, Др. Роберт.
Др. Роберт Ланза не е единствениот кој ја подржува оваа теорија. Постојат и други научници кои се согласуваат со него. Токму тие тврдат дека се она што го гледаме не постои без нашата свест, односно токму свеста одредува какви ќе бидат работите надвор од нас. Накратко кажано, вселената е алатка на умот.
Неговата теорија со бројни експерименти е докажана. Еден од тие експерименти е и оној каде честичката минува низ препреките.
„Животот е авантура кој го надминува нашиот линеарен начин на размислување. Откако ќе умреме, ние повторно оживуваме што е докажано преку квантната механика и бројни докази од квантната физика“ – вели, Др. Роберт.
Сепак, постојат и такви научници кои се спротивставуваат на ова сфаќање и тврдат дека сознанијата од квантната физика не можат да се сфатат на таков начин и да ја негираат дарвиновата теорија.
Критиката која ја добива биоцентричната теорија: „Денешната наука ги отфрла теориите кои не се согласуваат со дарвиновата теорија. Таа е темел на модерната наука, а Ланза се бави со некој чудни сфаќања кои едноставно се неприфатливи. Неговиот биоцентризам не нуди никакво детално објаснување за свеста и ги игнорира сите оние истражувања кои се бават токму со човековата свест“.