Диета за прочистување со кафеав ориз

29 декември, 20170
4

Можете лесно да разберете зошто белиот ориз е толку популарен и поефтин. За жал тоа значи дека повеќето луѓе ги пропуштаат подбрите квалитети на кафеавиот ориз – вистинска богата храна, која всушност има двојно повеќе растителни влакна од белиот ориз.

Седум дневната диета е многу ефикасна и полезна. Кафеавиот ориз содржи минерали и витамини, магнезиум и селен кои ги нема во такви количества во белиот.

Еве како треба да изгледа менито овие 7 дена, поточно каква храна е дозволена да се јаде: свежо цедени сокови, лук, свежи сезонски салати, зачинети со ленено масло и соја сос, зеленчук на пареа, чај, печурки, варена соја. Количините не се ограничени, но сепак тоа не значи дека треба да претерувате и да се прејадувате. Треба да јадете некулку пати во денот но навистина во мали порции.

Оризот се накиснува навечер за да може добро да омекне површинскиот слој од зрната. После тоа се вари исто како и белиот, но не треба да се преварува. Може да се додаде многу малку сол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *