Аеродромот на португалскиот остров Мадеира од средата го носи името на Кристијано Роналдо кој е роден на овој остров. Властите најавија дека славниот фудбалер ќе присуствува на свечената церемонија.
На островот Мадеира, во вторникот, Португалија одигра контролен натпревар со Шведска (2:3) и тоа беше прв настап на Роналдо пред локалната публика во родниот град, Фунчал. Роналдо беше стрелец на првиот гол, но на крајот Португалија загуби.
Во Фунчал исто така постои споменик на Кристијано Роналдо, музеј посветен на славниот фудбалер и хотелски комплекс кој го носи неговото име.
Сликата на Роналдо веќе е закачена на фасадата на аеродромот, кој досега го носеше името Мадеира и кој е еден од најветровитите аеродроми во светот.
Фудбалерот на реал е голем промотор на Мадеира, значајна туристичка дестинација која се наоѓа на 500 километри источно од брегот на Африка, а од Европа е оддалечен околу 1.000 километри.