ДРАМА ВО БАНКА – Бандити ги држат вработените како заложници

popara12 мај, 20171min00
15

Непознати бандити влегле во банкарска филијала во австрискиот град Ерпфендорф (покраина Тирол) и притоа ги држат вработените како заложници, соопшти агенција АПА.

Областа околу банката е блокирана и на местото работат полициски специјалци и службите за вонредни состојби, прецизира БГНЕС.

Не е јасно колку клиенти и банкарски службеници има во зградата.