Двете деца и ѝ испаднаа од колата: Зафатената мајка не ни забележа и продолжи да вози

popara12 јуни, 20171min00
1

Несекојдневна незгода неодамна се случи во близина на хотелот „Москва“, во центарот на Сочи, кога на една жена (39), двете деца ѝ испаднаа од багажникот на автомобилот додека таа возеше.

На снимката се гледа како возач на теренско возило не успеа да закочи на време, па лесно удри во автомобилот „лада приора“ која одеднаш застана пред него.

Всушност, возачот на „ладата“ нагло запрел бидејќи пред него на патот биле две деца кои испаднале од багажникот на возилото кое го управувала нивната мајка.

Руските медиуми објавија снимка на која е прикажано девојчето (3) што испаднало од автомобилот завиткано во ќебе, додека нејзиниот брат не се гледа на оваа снимка, но е потврдено дека минал без повреди. На девојчето сепак му била укажана медицинска помош.

За среќа, оваа незгода сепак минала без посериозни повреди, а децата веднаш биле пренесени во болница каде што било утврдено дека се во добра здравствена состојба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag