Можеби ви наликува на едностaвна вежба, но верувале или не вежбата „Планк“ ќе ви го стопи вишокот масни наслаги од стомакот и ќе ви ги зајакне длабинските и надворешните мускули на грбот и трупот но и мускулите на задникот, рацете и нозете.
Целата вежба работи на начин кој има држење во горната позиција од склекот, со тоа што мускулите работат на сличен начин како кај склековите – не се издолжуваат, ниту се кратат, туку длабоко се јакнат и стануваат поиздржливи.
Многу е битна исправната положба за изведувањето на вежбата. Кога ќе се кренете на лактовите и ќе се потпрете на ножните прсти, најважно е горниот дел од телото да ви биде во рамна линија.
Тежината треба да ја распоредите на лактовите и нозете, со тоа што ќе ги напрегнете мускулите на задникот за да добиете дополнителна рамнотежа. Откако ќе ја совладате исправната положба, ви преостанува само да се победите самите себе во предизвикиот кој трае 30 дена. Започнете со 20 секунди првиот ден а во наредните денови рамномерно зголемувајте.
https://www.youtube.com/watch?v=Hwo1qGnyIUI