Мишел де Ностредам, најчесто познат како Нострадамус, бил француски лекар и астролог кој живеел во 16-от век.
Според неговите следбеници, тој предвидел многу работи кои всушност се случиле во последните неколку векови, вклучувајќи ги Француската револуција, доаѓањето на моќ на Адолф Хитлер, како и нападите од 11 септември 2001 во САД.
Постојат дури и докази дека тој ја предвидел претседателската победа на Трамп, кој тој го нарекол „големиот, безсрамен, дрзок викач“.
Неговите пророштва, кои ги пишувал во стихови од четири реда, се секако отворени за интерпретации – но еве неколку стихови што може да ни откријат што можеме да очекуваме во 2017:
- Поплави и суша
„Четириесет години нема да се види виножитото.
Четириесет години тоа ќе се гледа секој ден.
Сувата земја ќе стане повеќе одделена,
и ќе има големи поплави кога ќе се види тоа.“
- Грмежи и конфликт
„Големиот човек ќе биде погоден во денот од гром.
Зол чин, претскажан од носителот на петиција.
Според предвидувањето уште еден ќе падне навечер.
Конфликт во Рем, Лондон и чума во Тоскана.“
- Битка на зајдисонце
„Кратко пред да зајде сонцето, ќе почне битка.
Голема нација не е сигурна.
Надмоќено, морското пристаниште не дава одговор,
мостот и гробот обата во странски места.“
- Мала пауза
„Чумите згаснати, светот станува помал,
долго време земјите ќе бидат населени мирно.
Луѓето ќе патуваат безбедно низ небото (преку) земја и мориња:
потоа ќе започнат војни повторно.“
- Кралски скандал
„Писма се најдени во ковчезите на кралицата,
без потпис и без име на авторот.
Измамата ќе ги скрие понудите;
за да не знаат кој е љубовникот.“
- Чудна верзија на „Животинска фарма“
„Лисица ќе биде избрана без да изусти ниту еден збор,
појавувајќи се световно во јавност живеејќи на јачменов леб,
потоа тој одеднаш ќе постане тиранин
ставајќи ги неговите стапала на грлата на најголемите мажи.“
- Ослабен Запад
„Два пати возвишени и два пати спуштени долу,
Истокот исто така ќе го ослабе Западот.
Негов противник откако неколку битки
водени на море ќе пропаднат во време на потреба.“
За среќа, во 2017 има мало подобрување од 2016.