Еве зошто жителите на ова село неконтролирано паѓаат во сон

popara30 ноември, 20171min00
8

Жителите на селото Калачи во Казахстан поминуваат во сон и по неколку денови, а до неодамна никој немаше поим зошто. Сега научниците се сомневаат дека причината за оваа мистериозна болест, поради која местото стана познато како „Заспиена долина“, е скриена длабоко во локалните рудници.

Светските експерти веќе со години се збунети поради чудната болест која се појавила во ова село на северот од Казахстан, а со детални испитувања на болните дознале дека сите имаат вишок на течности во мозокот. Но, тоа не им помогнало да сфатат која е причината.

– Во медицинска смисла тие страдаат од енцефалопатија, нарушување на мозокот, но не е јасно што го предизвикува. Со скенирање утврдивме дека пациентите имаат вишок на течности во мозокот – вели д-р Егор Коровин, кој веќе долго време се обидува да ја реши оваа мистерија.

После четири години истражување и илјада тестови, научниците конечно сфатиле дека за се е виновен невидлив непријател – благородниот гас радон.

Иако отпрво мислеле дека се работи за некој вид на бактерија или вирус, сега сфатиле дека жителите на „Заспаната долина“ не можат да се разбудат поради гасот кој доаѓал од напуштените локални рудници за ураниум.

Радонот е без боја, вкус и мирис и природно се појавува како продукт на ураниум и многу е радиоактивен. Гасот бил акумулиран во рудниците, но кога водата почнала да се крева од реката и да ги полни рудниците, гасот излегол на површина и буквално го отрул целото село.

– Овој гас имал токсично дејство поради кое луѓето паѓаат во состојба која личи на сон – објаснуваат експертите. Радонот не може да се детектира во воздухот со класични методи и поради тоа оваа болест била уште поголема мистерија.

Иако веќе долго време се борат со проблемите со спиењето, жителите на ова село неодамна почнале да се жалат дека состојбата се влошува, па секој петти жител бил погоден.

Властите сега ги разгледуваат опциите, а една од нив е сите жители да се иселат од селото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag