Значи, супер-тајното друштво „Илуминатите“ има сопствена Facebook страна. И Facebook штотуку ја потврди со сина штикла.
Името „Илуминати“ историски се однесува на тајна група основана во Баварија во доцните 1700-ти, формирана со цел да ги оспорува суеверијата и религиозната контрола на државата.
Но понеодамна, името се поврзува со една од најпространетите теории на заговор.
Тие што веруваат во оваа теорија веруваат дека семи-сатанска тајна група, која се нарекува себеси Илуминати, ги контролира или манипулира настаните во светот со инфилтрацијата на демократијата зад кулисите, со цел да се создаде „нов светски поредок“.
И затоа што ова е 2017 година, всушност постои и официјална веб страна на група која се нарекува себеси „Илуминати“.
Тие дури имаат и сопствена Facebook страна, со 380.000 следбеници.
И сега на страната и беше дадена официјалната јавна поддршка на 21-от век: „сината штикла“.
Најчесто резервирана за брендови, познати личности, политички фигури или владини оддели, оваа официјална верификација изгледа како чуден потег за Facebook.
Теоретичарите на заговори се пресреќни кога шпекулираат во врска со членството во Илуминатите, по пат на дешифрирање на гестикулации на рацете и симболи.
Ова а е често обвинение за претседателите на САД, на пример. Теоретичарот на заговори Давид Воуз тврди дека гестикулацијата на прашалник на Доналд Трамп е „отворено признание за неговата тајна поврзаност со Илуминатите“.
Тоа исто така значително се поврзува со Џастин Бибер, затоа што, изгледа дека сé овие денови на крај се поврзува со Трамп или Бибер.
Но што е со тајмингот на оваа верификација – коинциденција?
Кој знае…
Но јасно е дека тајните друштва и социјалните медиуми се взаемно ексклузивни концепти.