
Лонац и Ерика од Задар биле во љубовна врска, се додека не ги стигнале секојдневните караници кои подоцна кулминирале со обид за убиство.
Имено сето ова Лонац го изјавува на судење, но наспрема обвинението дека Ерика го зела ножот и се обидела да го убие, тој тврди дека по големата кавга тоа го направил сам.
„Заљубен сум во Ерика. Откако се скаравме и реков: „Ајде, убиј ме ако сакаш“. Го повлеков ножот од нејзините раце и се забодев во градите. Таа ми го спаси животот бидејќи раната ми ја притискаше. Никогаш претходно не сум и дал нож да ме убие, иако во една прилика таа замавна со нож и ја погоди фотелјата.“- изјавил Лонац.
Инаку, двајцата биле под дејство на алкохол и дрога, а судењето се уште трае.