Компанијата Google претстави нов домашен уред кој треба да обезбеди лесно одржување на покриеност со безжичен интернет за целиот дом.
Станува збор за рутер, Google WiFi – кој има неколку важни предности во однос на претходната серија OnHub.
Освен дека е доста помал, најголемиот адут на новиот рутер е неговата способност да создава комбинирана мрежа, на која се додаваат голем број рутери кои ја зголемуваат нејзината покриеност.
Системот може да покрие една голема куќа и се управува целосно со мобилна апликација наречена Network Assistant што го прави вклучувањето на нови уреди и подобрувањето на сигналот сосема едноставно.
Покрај тоа, апликацијата ви овозможува да го контролирате интернетот кон сите уреди приклучени на него.
Апликацијата овозможува да управувате со сите поврзани уреди, да активирате и стопирате врски и слично. Google WiFi излегува на пазарот од декември по цена од 129 долари.