ХАОС СРЕДЕ ФУДБАЛ – Родители се степале откако…

popara22 март, 20171min00
3

На шпанскиот остров Мајорка на натпреварот меѓу детските екипи на локалните фудбалски екипи Колеренсе и Аларо, неразумните родители пред своите наследници ја демонстрираа најгрдата страна на спортот, тепајќи се на теренот.

Причина за инцидентот бил конфликтот на теренот меѓу двајца играчи од категоријата меѓу 12 и 13 години, пишува весникот Diaro de Mallorca. Потоа, родителите на младите спортисти започнале физичка пресметка на трибините.

Во тепачката се вклучиле уште неколку лица, а потоа немилите сцени се преселиле и на теренот. Мировници меѓу двете закрававени страни биле сопругите и мајките на фудбалерите, а мечот бил прекинат.

Колкава била жестокоста на судирот, сведочи и податокот дека неколку лица завршиле во болница со повреди.

По завршувањето на натпреварот, шпанската полиција добила седум пријави од тројца родители, кои тврдат дека како резултат на тепачката се здобиле со посериозни повреди. Нивните пријави се предадени во судот.

httpv://www.youtube.com/watch?v=xz-xtApLClA

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag