Хирург кој спие стана јунак на социјалните мрежи!

popara19 април, 20171min00
2

Кинескиот хирург др. Луо Хан изминативе денови имал полни раце работа на работното место.

Во период од малку повеќе од еден ден извел пет итни операции. Сè на се, од операциона сала не излегол 28 часа!

На крај буквално се срушил… и заспал на подот во болницата.

Колегите го сликале и ги поставиле сликите на социјалната мрежа Веибо.

Јавноста ја фали посветеноста на др. Хан и неговиот одговорен однос кон пациентите.