Иако се уште нема најава за наследникот на Bugatti Chiron, односно не е ниту во фаза на развој, од компнијата препорачуваат дека и нив почнува да ги тресе трендот на “електрификација“.
CEO на компанијата Волфганг Дирхајмер изјави дека “ќе дојде до електрификација благодарение на напредноста во областа на развојот на електрични мотори и батерии.“
Како што изјави, наследникот на Chiron нема да биде во целост EV, но дека ќе се движи во таа насока – а тоа значи дека од Bugatti еден ден ќе пристигне нов хибрид.
Продолжението на изјавата е уште поинтересна: “Не верувам дека некогаш ќе биде повторно произведен автомобил со чисто механички карактеристики како што беше Chiron. Всушност тоа е и карактеристиката која го прави ненадминлив и најпосакува автомобил.“
Chiron на крајот од производството ќе достигне 500 примерока, а досега се продадени 280 автомобили.