Постојано сте во трка со времето? Разговарате на телефон додека вашето дете го облекувате за градинка, а на состаноците размислувате што да зготвите за вечера кога ќе се вратите дома? Секоја мајка би требало да добие орден за успех, пожртвуваност, па дури и храброст.
Но, како и сите останати жени на светот, морате да водите сметка за вашето тело и здравје. Затоа морате да најдете време за вежбање, па дури и само 20 минути дневни или поинтензивни тренинзи за викенд. Еве кога можете тоа да го правите:
- Вежбајте рано наутро
- Вежбајте попладне, кога вашето дете спие
- Земете го и вашето дете
- Шетајте заедно
- Вежбајте на детското игралиште