Има џиновски раце, па поради тоа го нарекуваат “ѓавол”

popara18 август, 20171min00
10

Според зборовите на семејството на Тариков, тој сам не може ни да се облече.12 годишниот Тарик од Индија има џиновски раце, поради кои присуството во секое школо во околината му е забрането, а децата и другарите го избегнуваат.

Според зборовите на семејството на Тариков, тој сам не може ни да се облече, а селаните го нарекле ѓавол, затоа што веруваат дека неговите огромни раце се последица на клетва, пишува „Мирор“.

„Од раѓање имал големи раце. Но, како што растел, така тие станувале се поголеми. Додека татко му бил жив одел често на лекар и се обидувал да му помогне. За жал, неговиот татко починал и сега има само мајка и брат, па не може да иде на било какви третмани“, вели неговата тетка Пушпа.

Неговиот постар брат му помага и се труди да му го олесни секојдневнието, и да направи работи, кој тој не ги може сам.

„Многу е тешко да ги изврши било кои од дневните обврски, како што е туширањето, облекувањето или јадењето“, вели Харгјан.

Лекарите сеуште не го идентификувале пореметувањето од кое боледува овој млад Индиец.

За жал, Тарик секојдневно доживува малтретирање од страна на комшиите и пријателите, а исто така не го сакаат ни во школо.

„Имав пријатели на почетокот, но сега немам никого. Луѓето се плашат од моите раце. Сакав да одам во школо, но ме одбија“, вели Тарик.

Во школото му рекле дека не можат да го прифатат Тарик за ученик затоа што неговите џиновски раце ги плашат другите деца.

Неговото семејство нема пари за лечење и не може да си дозволи да оди во добра болница, каде неговата состојба би можела да се реши, или барем да се доведе во ред.

Погледнете го видеото:

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag