Виџај Синг, “Среќникот од Агра“ кој потекнува од северна Индија е роден со 12 прсти. Во оваа земја луѓето со вакви аномалии ги сметаат за среќници, но Синг во својата земја е се, само среќен не.
И покрај тоа што со два прсти повеќе може да искуца повеќе од 100 зборови во минута, Синг има големи потешкотии со наоѓањето работа. Неговото искуство вели дека е подобро да се биде привлечна жена отколку маж со по некој “талент“ повеќе.
Поради потешкотиите што го следат во животот тој се подготвува да се пресели во Англија и таму да се обиде да си ја најде среќата. Самонаречениот компјутерски експерт се надева дека англичаните ќе препознаат дека тој може да им биде од полза во работата.