Инките верувале дека леваци имаат магиски моќи-Интересни факти за леваците

30 јуни, 20170
7

На светот постојат помеѓу 10 – 12% леваци. Генерално се посрамежливи од деснаците, а исто така, повеќе се двоумат пред да направат некој поголем чекор.

Леваци пијат повеќе и почесто. Десната страна на мозокот, која ја користат повеќе од левата, има помала толеранција на алкохол поради што и воглавно побрзо се опиваат.

Леваци имаат поголеми шанси да развијат алергија, повеќе се склони кон мигрена отколку деснаците, а имаат и поголема веројатност да страдаат од несоница.

Леваци воглавно се наоѓаат на „екстремен крај“ од IQ скалата. Или се на самиот врв или на самото дно. Според податоците на MENSA, личноста со висок IQ, повеќе леваци се класифицирани како гении во однос на деснаците (IQ над 140) иако на светот постојат само 10% леваци.

Низ историјата леваци често биле прогонувани, бидејќи сметале дека: тоа е знак на ѓаволот, знак на нервоза, бунт, криминал и хомосексуалност. Од друга страна, леваци често биле доживувани како креативни личности и врвни музичари.

Леваци побрзо закрепнуваат по мозочен удар.

Леваци со факултетска диплома во просек стануваат побогати за 26% од своите колеги деснаци.

Мајките кои имаат повеќе од 40 години при раѓањето на детето имаат поголема шанса да родат бебе кое е левак за 128% од мајките во дваесеттите години.

Германскиот збор за „левак“ е linkisch, што значи чуден и неспретен. Во италијанскиот јазик зборот е mancino, кој е изведен од „расипан“ или „осакатен“. Русите го употребуваат терминот levja, кој генерално се смета за навреда, а веројатно често сте слушнале дека таквите особи ги нарекуваат „леваци“, термин вообичаен на Балканот.

Меѓу Инуитите, на секој левак се гледа како на потенцијален волшебник. Во Мароко, леваци се „s’ga“, збор кој означува зол дух или проклета душа.

Инките верувале дека леваци имаат особени исцелителни магични моќи, поради што секогаш биле шамани или доктори. Зуни племињата од Северна Америка верувале дека да си левак-носи среќа.

Истражувањата покажуваат дека лееваци се многу талентирани математичари, музичари, архитекти и генерално уметници.

Врската помеѓу левата и десната страна на мозокот се побрзи кај леваците. Тоа значи дека информациите се пренесуваат побрзо, што леваците ги прави поефикасни во решавање на поголем број на информации кои се случуваат на двете страни на мозокот.

Истражувањето покажува дека леваци може побрзо да научи да пишува со десна, отколку деснакот со лева рака.

Според една студија, леваците живеат 9 години пократко од деснаците.

Леваците живеат во светот на деснаците, со оглед на тоа дека се од алатот до отворачот за конзерви е дизајнирано за деснаци.

Колку и да звучи бизарно, необично и нелогично – леваците многу полесно се прилагодуваат за гледање под вода.

Истражувања покажале голем процент на леваци кај врвни спортисти, особено во спортовите еден-на-еден како што се тенисот, боксот и мечувањето.

Леваците добиле свој Меѓународен ден 13 август 1992 година. Ден „кога леваците ни целиот свет можат да слават и да ја зголемат свеста кај народот за предностите и недостатоците кај леваците.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi