Шпекулациите што се актуелни во изминатиот период сугерираа дека Apple ќе претстави три верзии на iPhone оваа есен.
Два модели ќе бидат наследници на iPhone 7 и iPhone 7 Plus, а третиот модел ќе биде сосема редизајниран модел со цена над 1.000 долари.
Но, според пишувањето на Business Insider, новиот iPhone можеби не е подготвен за лансирање во септември. Најавите беа дека новиот смартфон ќе има куќиште од нерѓосувачки челик, како и екран со неколку слоеви стакло. Во овој модел би се вградувал 5,8 инчен OLED екран што ќе го произведува Samsung.
Сепак, последните информации сугерираат дека производството на iPhone со OLED екран нема да почне се до септември, што значи дека е невозможно тој модел да се појави на пазарот во вообичаениот термин.