Но, таа си оди од Организацијата Трамп и нејзиниот моден бренд.
На истиот ден кога зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер, прифати работа како постар советник на претседателот (неговиот дедо), Иванка Трамп, сопругата на Кушнер и ќерка на Трамп, одлучи дека нема да работи во Белата куќа, според CNBC.
Иванка, 35, служеше како доверлив советник на нејзиниот татко во текот на неговата кампања. Таа исто така е извршен под-претсетдател за развој и аквизиции во компанијата на нејзиниот татко, Организацијата Трамп, но вчера Vanity Fair извести дека Иванка ќе прекине со таа функција и други бордови позиции во компанијата, како и дека ќе ги продаде нејзините акции во Трамп меѓународниот хотел во Вашингтон и дека ќе се повлече од модниот бренд со нејзино име.
35-годишната бизнис жена, која има три деца со Кушнер, наместо тоа ќе се фокусира на вселување на нејзиното семејство во Вашингтон, според Reuters. Кушнер ќе работи во Трамповата Бела куќа во советничка улога, покрај анти-непотистички закон кој е наменет да спречи избраните политичари да вработуваат членови на нивните семејства.