Зенг, 44-годишен маж од Кина, неодамна завршил во болница поради проблеми со бубрезите откако изел 54 големи сладоледи, еден по друг.
Сладоледите ги „заливал“ со вода и мраз.
Мажот на 15 јули бил во својата куќа кога почувствувал мачнина.
Подоцна на лекарите им рекол дека поради жештината посегнал по сладоледите. Вели дека посакал да ги изеде сите ледени десерти од својот фрижидер. Потоа почувствувал жед и пиел студена вода, па легнал да спие.
Кога се пробудил, почувствувал големи болки во стомакот. Се обидел да доручкува, но сè повратил.
Болките се влошувале, па мажот отишол во болница. Лекарите му дијагностицирале гастроентритис.
Откако лекарите се погрижиле за него, неговата здравствена состојба се поправила.