
Италијанецот Андреа Лорени, движејќи се по жица успеал да помине преку реката Тибар во Рим, чекорејќи 20 метри над реката, недалеку од мостот Сент Анџело.
Лорени, кој поминал 134 метри прицврстен за јаже, изјави дека во еден момент помислил да се откаже поради дождот и ветерот.
„Но, секако не можеш тоа да го направиш. Мораш да завршиш и да оставиш твоите сетила да те водат и покрај стравот. Преубаво е“, изјави Лорени.