Кога во 1963 година еден Турчин во Кападокија решил да ја реновира куќата, открил нешто неверојатно. Откако го срушил подрумот открил дека долу има тунел, па уште една една просторија, па уште една, и уште една…
И така случајно е откриен најголемиот подземен град во Турција. Низ подземниот град тече вода, има систем за вентилација, индивидуални станови, продавници, бунари, соби за оружје, па и гробишта. Во градот е пронајдено и училиште како и посебни простории за животни.
Овој подземен град би можел да прими околу 50 000 луѓе и потекнува од седмиот или осмиот век пред новата ера.