Јапонскиот уметник Азума Макото е уметник кој работи со цвеќиња на фасцинантни екперименти. Тој ги испраќа ботаничките скулптури на нови и непознати места.
Овие неверојатни фотографии тој ги нарекол “In Bloom”. Се работи за снимање на букети цвеќиња кои се испратени во вселената, 90.000 метри над земјата.
„Сакав да го видам движењето и убавината на растенијата и цвеќињата во вселената”, вели Азума за серијата фотографии. Повеќето од растенијата беа избрани со светли бои за јасно да се разликуваат од темната позадина. Азума исто така испрати 100-годишно бонсаи дрво во вселената. Тој наскоро планира да испрати цвеќе длабоко во океанот.