Двајца мажи обвинети за хомосексуален однос добиле казна јавно тепање со стап пред голем број набљудувачи во индонезиската покраина Ачех во која се применува шеријатскиот закон, што е прв таков случај во побожниот муслимански регион.
Додека ги спроведувале мажите чии лица биле покриени со кошули до кренатата платформа пред џамија во центарот на Банда Ачех, група од околу 500 луѓе одушевено аплаудирале.
Човек со качулка, познат како „алгојо“ или извршител, потоа почнал да ги удира мажите на кои им биле пресудени по 85 удари со стап.
Ачех е првата индонезиска покраина во која се применува шеријатскиот закон како јавно право, со удари со стап како една од казните.
Освен јавното тепање хомосексуалци, во покраината со удари со стап се казнуваат и коцкарите, како и невенчаните жени кои имаат сексуални односи, меѓу другите.